Фото вест: Има се може се - урбана опрема на Градскиот кеј

23.11.2023 10:34 | Сузана Николиќ

Во еден дел на Градскиот кеј во Куманово неодамна е поставена нова урбана опрема.

Фото вест: Има се може се - урбана опрема на Градскиот кеј

На местото на старите клупи и кантички поставени се нови, а некаде има дури и во пар.

„Има се може се“, коментираат кумановци, кои ги сретнавме на кејот.  Додека повеќето неуредени и запуштени паркови во градот „плачат“ за клупи, на кејот како во автобус, ги има во два реда.

Старите клупи и кантички се извадени од бетон и само оставени во зеленилото, доколку не се приберат наскоро нема да не изненади ако завршат во нечиј двор. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk