Секоја споредна уличка паркинг за неплаќачите

03.10.2022 10:21 | KumanovoNews

На секоја споредна уличка во Куманово, покрај станарите, главно се паркирани автомобили на возачи кои не сакаат да платат паркинг.

Секоја споредна уличка паркинг за неплаќачите

Таков е случајот и на улицата „Пелинска“, каде станарите бараат од локалната власт да ја прошири зоната Б пред нивните згради, само за да спасат од натрапниците.

„ Драги власти. Не е толку тешко, треба да се уреди, исчисти, асфалтира, да се урнат гаражите изградени нелегално на државно земјиште и да се извадат столбчињата каде некој си чува автомобил, а друг  песок. Се работи за улицата „Пелинска“, каде што секој ден ги паркираат своите автомобили, оние кои не сакаат да платат паркинг, па станарите не можат да влезат ниту да излезат од улицата“.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk