Контејнер на тротоар - проблем за пешаците, но и за возачите

04.10.2022 10:18 | KumanovoNews

На речиси сите тротоари во градот има поставено контејнери, кои не само што им го попречуваат движењето на пешаците, туку создаваат сериозни проблеми и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот.

Контејнер на тротоар - проблем за пешаците, но и за возачите

Еден таков пример ни испрати жител на населбата „Гоце Делчев“, поточно на улицата „Тоде Думба“. „Прописно“ поставените контејнери на тротоарот прописно ја попречуваат видливоста на раскрсницата, па возачите ја минуваат на невидено.

Исти вакви проблеми имаат и возачите во други делови на градот. Од контејнерите кои се поставени на аглите на улиците нема прегледност на сообраќајниците, што е голема и потенцијана опасност за сообраќајни незгоди.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk