Со камења против диво паркирање (видео)

31.01.2024 14:55 | Оливера Пешевска

Со големи камења е затворен пристапот до дивиот паркинг зад Центарот за култура во Куманово, за да го заштитат од непрописното паркирање.

Со камења против диво паркирање (видео)

„Можело и вака, нема голема филозофија, тендери и чекање. И дедо вака ги решаваше работите, да не му паркираат пред куќата“, коментира сограѓанин кој ги испрати сликите.

Просторот кој се наоѓа зад Центарот за култура во последните неколку месеци секојдневно се користеше како паркиралиште на десетина возила, кои сопствениците ги оставаа тука за да избегнат да платат паркинг место во катната гаражата. Дел од сограѓаните реагираа до надлежните да се санкционира ова појава и прекине таквата практика.

Тоа е јавно прометна површина, под ингеренции на Општина Куманово. Според некои информации реконструкцијата на малиот плоштад го опфаќа и овој простор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk