15-ти Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, лауреат - актерката Билјана Драгичевиќ Пројкоска

25.09.2023 13:34 | Жаклина Цветковска

Од 28 септември до 7 октомври годинава ќе се одржи 15-то јубилејно издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, кој ги собира театарските остварувања од Балканот и регионот.

15-ти Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, лауреат - актерката Билјана Драгичевиќ Пројкоска

Годинава, публиката ќе има можност да ужива во настапите на девет театарски куќи од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и од нашата земја. Гостуваат „Независна продукција“ од Скопје со претставата „За нас почнува живот“,  Народниот театар „Стерија“ од Вршац со „Откачено запросување“ , Уметничката работилница „Призор“ од Белград со мјузиклот „Весели девојки“, Драфт театарот од Тузла со монодрамата „Со кого и со што во ЕУ“, Градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ од Винковци со „Три и пол сестри“, Југоарт продукцијата од Белград со „Ноќ во куќата на господин Колак“.  Народниот театар од Лесковац ќе настапи со „Чекајќи го докторот“ , Народниот театар од Штип ќе ја изведе преставата „Власт“ , а фестивалската програма ќе заврши со со настапот  на Театар Комедија од Скопје и претставата „Анатомија на неверството“ .

Лауреат на 15-то јубилејно издание на фестивалот е македонската актерка Билјана Драгичевиќ Пројкоска на која ќе и биде врачена награда за особен придонес во македонскиот театар и култура. Во рамките на фествалот, на актерот и режисер Владо Денчов,  по потекло од Крива Паланка,  ќе му биде врачена специјална повелба „Свети Јоаким Осоговски “ за придонес во аудиовизуелните уметности и медиуми, а ќе виде поставена и изложба на театарски плакати од сите фестивалски изданија чиј автор е визуелниот ументик Стојанче  Величковски.

Театарските претстави се играат во НУ Центар за култура во Крива Паланка.  

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk