Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за образование и наука(МОН) за следната учебна година 2025/2026 ќе додели 1.570 стипендии за учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта.
Во практичната обука на учениците кои ќе се запишат во дуалните паралелки директно ќе бидат вклучени над 550 компании.
„Ова значи дека учениците со завршување на средно стручно училиште, ќе имаат поголема веројатност за брзо вработување, во најголем дел во компаниите каде посетувале пракса, или пак да продолжат со своето образование на некои од универзитетите во државата. Наш приоритет е да ја зголемиме вработливоста на младите лица и да создадеме квалификуван кадри со вештини и компетенции што се потребни на компаниите, а со тоа ќе овозможиме младите својата иднина да ја градат во сопствената држава. Вложувањето во образованието, значи вложување во иднината и перспективата за развој на Македонија“, велат од МОН.
(Фото : Архива на Кумановоњуз)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk