18-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка

24.08.2023 11:16 | Жаклина Цветковска

Синоќа, на Градскиот плоштад во Крива Паланка се одржа првата фестивалска вечер на 18-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“.

18-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка

На  овој традиционален фестивал, кој трае 3 дена,  годинава учествуваат фолклорни  ансамбли од Романија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и од Македонија.  

„Фолклорот е непресушно богатство  што се репродуцира преку духот на народот, печат на посебноста на еден народ и идентитет што ѝ пркоси на современата технологија чувајќи го од заборав битот.Нашата традиција е одраз на душата од македонскиот народ што никого не остава рамнодушен. Дел од нив, заедно со разноликоста на културата што ја презентираат ансамблите - учесници од разни европски краеви,  ќе имате можност да ги видите токму на овој  тридневен фестивал“, рече Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка на свеченото отоврање на фестивалот.

Манифестацијата  е во организација на Општина Крива Паланка и НУ Центар за култура, со поддршка од Министерството за култура.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk