3000 денари, ранец и училишен прибор за секое прваче во Крива Паланка

22.08.2023 12:25 | Жаклина Цветковска

Општина Крива Паланка ќе ги зарадува првачињата со повеќе подароци за среќен почеток на учебната 2023/24 година.

3000 денари, ранец и училишен прибор за секое прваче во Крива Паланка

Секое прваче ќе добие по 3000 денари, како и и училишен прибор, обезбедени  од буџетот на општината.  

Дополнително, за сите првачиња се обезбедени  училишни ранци со училишен прибор од познатиот бренд "Таргет", како донација од локална фирма.

„Се грижиме за нашите најмлади, инвестираме во дечињата, во првачињата, иднината на општината“, вели градоначалникот Сашко Митовски.

Финанасиската поддршка за учениците почетници е воведена од минатата година на иницијатива на градоначалникот. За оваа намена во 2022 година биле издвоени 423.000 денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk