Амбасадорите на Италија и Словенија во посета на Крива Паланка

10.05.2021 14:09 | KumanovoNews

Aмбасадорите на Италија и Словенија, Андра Силвестри и Милан Предан, денеска престојуваа во работна посета на Општина Крива Паланка. 

Амбасадорите на Италија и Словенија во посета на Крива Паланка

На средбата со градоначалникот Борјанчо Мицевски, разговараа за досегашната соработка помеѓу Општина Крива Паланка и Италија. Беше истакната економската соработка во текстилната и чевларската индистрија, искуството од соработката со ЛАС „Срце Словеније“ од градот Литија, како и за отворање на други можности за унапредување и развој на конкретни иницијативи во области од значење за локалната заедница.

При денешната посета на Крива Паланка амабасадорите учествуваа во онлајн дебата со средношколците од СОУ „Ѓорче Петров“, организирана од Eu house од Крива Паланка, по повод одбележувањето на Денот на Европа.

Во рамки на посетата, амбасадорите Силвестри и Предан ги посетија и Градскиот музеј и манастирот „Св.Јоаким Осоговски“.

(Ж.Ц.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk