Автомобил излетал од пат кај Крива Паланка, повредени се возачот и сопатникот

09.09.2022 12:37 | Сузана Николиќ

На магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, ноќеска во 1.35 часот во близина на место викано „Цевки“  во Крива Паланка, патничко моторно возило „форд фокус“ со кумановски регистарски ознаки управувано од А.Ј.(19) од с.Конопница - Крива Паланка излетало од патот. 

Автомобил излетал од пат кај Крива Паланка, повредени се возачот и сопатникот

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Х.(23) од Крива Паланка, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Здравствен дом - Крива Паланка. 

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk