Бик на ражен за прославата на Ѓурѓовден во Старо Нагоричане

04.05.2024 20:03 | Оливера Пешевска

Во Старо Нагоричане утре /5 мај/, на платото пред црквата „Св. Ѓорѓи“ ќе се одржи традиционалната манифестација Ѓурѓовденски сабор. Официјалниот програма ќе започне во 18 часот и ќе трае до доцна во ноќта.

Бик на ражен за прославата на Ѓурѓовден во Старо Нагоричане

„Програмата ќе ја отворат КУД „Карпош“, огранок Старо Нагоричане и гостите КУД „Никола Вапцаров“ од Делчево. Подоцна ќе настапи музички бенд со две пејачки, за една голема и масовна забава.  Како и секоја година за гостите ќе го подготвиме познатиот специјалитет - бик на ражен. Минатите неколку години имавме голем број на посетители, па ќе бидат поставени и маси, веруваме дека гостите ќе бидат задоволни“, истакна Иван Марковиќ, член на организациониот одбор.

Покровител на настанот е Општина Старо Нагоричане, а бикот на ражен, како и целокупната програма, е спонзорство на овогодинешниот кум.

Прославата на Ѓурѓовден се совпаѓа со големиот христијански празник Велигден. 

(фото. Ѓурѓовденски сабор 2023)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk