Блокиран патот Куманово – Крива Паланка од одрони, сообраќајот се пренасочува по алтернативна делница

04.11.2023 14:36 | Жаклина Цветковска

Одрони од карпи предизвикани од обилните врнежи го блокираа магистралниот пат Куманово-Крива Паланка  кај „Ругинска кривина“ во село Ругинце.

Блокиран патот Куманово – Крива Паланка од одрони, сообраќајот се пренасочува по алтернативна делница

Двете коловозни ленти се непроодни, а целокупниот сообраќај се пренасочува по алтернативна делница, односно  по стариот пат Куманово -Крива Паланка.

Сообраќајот на магистралниот пат А2  е во прекин повеќе од 2 часа, а екипи на Јавното претпријатие за одржување регионални патишта "Македонија пат" се на терен и работат на расчистување на оваа делница.

„Механизацијата работи интензивно, но  делницата се уште не е оспособена за сообраќај“, информира раководителот на секцијата на "Македонија пат", Крива Паланка, Боби Димитровски.

Сите патнички и  товарни моторни возила, се пренасочуваат по стариот пат  со помош на службеници од Секторот за внатрешни работи и вработените во ЈП "Македонија пат".  

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk