Ќе се гради детска градинка во Матејче

25.03.2021 15:11 | KumanovoNews

Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години.

Ќе се гради детска градинка во Матејче

Изградбата на новата градинка во општина Липково е дел од Компонентата 2 од Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика, што е поддржан од Светска Банка, а чија цел е проширување на пристапот и подобрување на квалитетот во системот за згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.

Вo понеделник, 29. март, Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Општина Липково, ќе организира јавна расправа посветена на активностите за изградба на нова градинка на територијата на оваа општина.

На јавната расправа ќе се презентира и документот „Првична ограничена оценка на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка”. Се очекува преку јавната расправа да се добијат повратни информации и мислења од граѓаните и засегнатите страни, со што ќе се унапреди квалитетот на предвидените активности.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk