Четврта Фото колонија „Старо Нагоричане“ во Куманово

20.02.2020 13:04 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва во 19 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии од  „IV – та Меѓународна Фото колонија – Старо Нагоричане 2019“.

Четврта Фото колонија „Старо Нагоричане“ во Куманово

Ученици на колонијата беа: Тома Петернек, Геза Ленарт, Воислав Луковиќ, Јелица Милентијевиќ, Ахмет Хукиќ,Петков Јанчев Димитров, Даракчиев Беила Стојанов, Цветан Гавровски, Душан Доцевски, Дарко Доцевски и Саша Јакимовиќ.

Во текот на времетраењето на колонијата беа посетени Старо Нагоричане, Кокино (мегалитска опсерваторија), Пелинце – Музејот на АСНОМ, Куклица – Кратово, Осоговски манастир – Крива Паланка, Зебрњак – Куманово и Скопје, каде беа направени повеќе фотографии, а на изложбата ќе бидат презентирани 22 фотографии и истите ќе бидат подоцна претставени во неколку градови.

Колонијата се одржа во периодот од 5-10 октомври 2019 г. а на истата учествуваа фотографи од Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Изложбата е под патронат на Фото сојузот на Македонија а е помогната од локалната управа на Општина.

Изложбата во Куманово ќе трае до 04.03.2020.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk