Далибор Трајковски е кандидат за градоначалник на СДСМ во Старо Нагоричане

27.08.2025 22:02 | KumanovoNews

Далибор Трајковски  е кандидат за градоначалник на СДСМ во Старо Нагоричане на престојните локални избори.

Далибор Трајковски е кандидат за градоначалник на СДСМ во Старо Нагоричане

Одлуката за кандидатурата на Трајковски била донесена на денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на која била дадена согласност и за кандидати во уште десет општини низ државата.

"СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините", се наведува во партиското соопштение.

Далибор Трајковски (41) е дипломиран правник и моментално работи како командир во Територијалната противпожарна единица во Старо Нагоричане. Претходно бил вработен во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), како и секретар во ОУ „Христијан Карпош“ во селото Младо Нагоричане, каде што и живее.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk