Десет пожари за еден ден, земјоделците палат стрништа во нивите

10.03.2025 11:54 | KumanovoNews

Во текот на вчерашниот ден пријавени се 10 пожари на отворено, кога горела сува трева.

Десет пожари за еден ден, земјоделците палат стрништа во нивите

Најголем дел од пожарите се предизвикани од палење на стрништа и отпад што го собираат змјоделците додека ги чистат нивите.

Осум од пожарите се на територијата на кумановско, и два во старонагоричкиот регион.

На првиот пожар е интервенирано од 10:55 до 12:50 во с.Орашац на опожарена сува трева и трска, вториот во с. Табановце од 13:00 до 14:15 часот. Потоа во селата Бељаковце, Доброшане, Черкезе, а опожарено електично броило и бандера имало во с.Долно Којнаре.

Во Старо Нагоричане имало пожар во с.Ругинце  и во Сув Орах на опожарена сува трева од 17:40 до 20:00 часот.

Пожарникарите ги повикуваат граѓаните да не палат стрништа, бидејќи тоа е казниво со закон.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk