Десетици загинати и повредени во пожар во дискотека во Кочани

16.03.2025 07:36 | KumanovoNews

Во  пожар во дискотека во Кочани ноќеска загинале најмалку 30 млади луѓе, а стотици се повредени. 

Десетици загинати и повредени во пожар во дискотека во Кочани

Според првичните информации на екипите на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи над 100 млади луѓе се повредени, а најмалку 30 лица загинале во пожарот.

Се претпоставува дека до пожарот дошло поради употреба на пиротехнички средства ноќеска во 3 часот. Во болницата во Кочани се примени повеќе повредени лица.

Противпожарни екипи од сите градови во источна Македонија се на терен, а пациенти се носат и во околните градови, и во Штип и Скопје.

„Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени во пожарот се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, соопшти Јавното обвинителство. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk