Дискотеките кои не ги исполнуваат условите ќе бидат затворени, ќе се контролираат и кафулињата, најави Мицковски

20.03.2025 08:25 | KumanovoNews

По извршените контроли во дискотеките утврдено е дека повеќето од половината кои имале лиценци, не ги исполнуваат условите, и  ќе има забрани за вршење на дејност за сите, најави  премиерот Христијан Мицкоски во своето гостување во дневникот на телевизија Сител.

Дискотеките кои не ги исполнуваат условите ќе бидат затворени, ќе се контролираат и кафулињата, најави Мицковски

„Денеска добив информација од Државниот пазарен инспекторат дека се проверени повеќе од 60-70 локали. Дури и оние кои имаат важечки лиценци, повеќето од половина не ги исполнуваат минималните технички услови. И тоа е најголемиот проблем“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека е разговарано и со претседателот на ЗЕЛС под итно да закаже Управен одбор, да се проверат сите оние објекти кои се под општинска надлежност.

„Комуналните инспектори да излезат на терен, да ги проверат настрешниците, терасите. Нема назад, тргнавме. Или ќе победи таа мафија која со децении трае или ќе победат народот и државата. Ние сме на страната на народот и државата и одиме до крај. Ќе добијат решителност“, рече премиерот Мицкоски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk