Дојава за бомба во основно училиште во Крива Паланка

02.12.2022 12:37 | Сузана Николиќ

Во Полициска станица Крива Паланка денеска околу 11 часот било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Крива Паланка е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. 

Дојава за бомба во основно училиште во Крива Паланка

„Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти СВР Куманово.

Од училиштето велат дека штом ја добиле заканата веднаш пријавиле во полицијата, а децата безбедно се евакуирани.

За да не се создава паника, им кажавме само дека денеска предвреме ќе завршиме со настава и тие мирно беа испратени од училиштето, вели директорот на основното училиште.

Првично е утврдено се дека се работи за лажна пријава, а надлежните работат на случајот. 

         Дојави за бомби утринава имало и во три скопски училишта.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk