ДПМНЕ И ЗНАМ не сакаат жителите на Старо Нагоричане да добијат амбуланта, велат од Левица

03.12.2024 09:11 | KumanovoNews

Пратениците на Левица поднеле  амандман во државниот буџет за 2025 година да се предвидат средства за отворање на амбуланта во општина Старо Нагоричане, со цел да се подобри животниот стандард на жителите и да не мораат за секоја медицинска потреба да патуваат до Куманово, но тој бил одбиен.

 

ДПМНЕ И ЗНАМ не сакаат жителите на Старо Нагоричане да добијат амбуланта, велат од Левица

„Одбивањето на сите предложени амандмани од страна на Левица за Буџетот за 2025 година претставува чин на крајна политичка ароганција и негрижа за приоритетите на граѓаните. Во време на комплексни енергетски, економски и еколошки кризи, кога народот се бори за основна егзистенција, ДПМНЕ одлучи да ги игнорира  решенијата кои беа понудени како дел од овие амандмани. Амандмани кои значително би помогнале на општината беа и амандманот за зголемување на буџетот за шумарство и зголемување на противпожарните капацитети, со оглед на тоа што секоја летна сезона се повеќе и повеќе шумски површини во Козјачијата ги губиме во пламен. Како и амандманот за изградба на државни откупни центри на земјоделски производи со оглед на тоа што голем дел од населението на општината се занимава со земјоделие, луѓе кои во голема мера се оставени на милост и немилост на прекупците“, велат од партијата.

Тие додаваат дека овие амандмани не биле само декларативни, туку изразувале реална грижа за најгорливите проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Наместо конструктивен дијалог, визионерство и поддршка за овие важни иницијативи, ДПМНЕ покажало дека за нив е поважно да блокираат сè што не произлегува од нивната партија – дури и по цена на штета за иднината на земјата.

При посетата на селата во општина Старо Нагоричане,  жителите кажале дека еден од приоритетите е отворање на амбуланта. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk