Два шумски пожари викендов во општина Старо Нагоричане

29.07.2024 10:07 | Оливера Пешевска

Два шумски пожари викендов биле активни во селата Степанце и Руѓинце. Во двата случаи интервенирала противпожарната служба на Старо Нагоричане и пожарите се изгаснати.Гореле ниска вегетација и мешани шуми- јасен и даб.

 

Два шумски пожари викендов во општина Старо Нагоричане

„Во Степанце пожарот избувнал кратко пред 11 часот, а таму излеговме два пати, го изгаснавме за да неполни два часа подоцно повторно бил потпален. Сношти до 22 часа бевме на терен во селото Руѓинце и таму целосно е изгаснат пожарот“, изјави командирот Далибор Трајковски.

Гаснење на пожарите било со асистенција на ТППЕ Куманово, припадници на полцијата од станицата во Старо Нагоричане и месно население.

По бурниот викенд пожарникарите се надеваат на помирни денови и апелираат да не се фрлаат отпушоци од цигари, да не се палата стрништа или оган во природа. Статистиката покажува дека најголем број од пожарите на отворено се преидизвикани од човечки фактор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk