Жена ги убила сопругот и свекорот во Кратово

14.06.2024 09:09 | KumanovoNews

Триесет и шестогодишна жена од Кратово е осомничена дека извршила двојно убиство, откако биле пронајдени починати нејзините сопруг и свекор.

 

Жена ги убила сопругот и свекорот во Кратово

Убиството се случило синоќа околу 22 часот во семејната куќа во Кратово, по што била приведена во полиција.    

„В.И. (36) од Кратово се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди. По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција. В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на
случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти СВР Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk