Eдукација за менталното здравје кај младите од Kрива Паланка

12.03.2024 11:48 | Жаклина Цветковска

РЦС Спектар, во соработка со ООУ „Илинден“ од Крива Паланка, го реализира проектот „Едукативно-креативен колаж за подобро ментално здравје“, со  цел да се обезбеди овозможувачка околина за заштита и унапредување на менталното здравје кај децата и адолесцентите, вклучително и од руралните подрачја и ранливи групи.

Eдукација  за менталното здравје кај младите од Kрива Паланка

Проектот опфаќа серија на едукативни и креативни работилници,  арт терапија, менторска поддршка на родителите и  обука на  стручниот и наставен кадар во ООУ „Илинден“ од Крива Паланка, кои ќе се реализираат во период од 6 месеци.

„Во активностите ќе бидат вклучени  40 основци од 6-9 одделение од централното училиште „Илинден“ и подрачните училишта во селата Конопница и Мождивњак со кои ќе се работи  на  препознавање, идентификување и изразување на емоционалните состојби и чувства. Истовремено,  ќе се спроведе и арт терапија со употреба на посебни  програми, вештачка интелигенција, визуелизација на звук и други иновативни методи кои влијаат стимулирачки на менталното здравје“, посочува Жаклина Цветковска, проект координатор.

 Проектот предвидува и менторска поддршка за  родителите, како и обука на стручниот и наставен кадар за превенција и унапредување  на менталното здравје кај децата и адолесцентите. На крајот од проектот, младите ќе креираат заедничка песна и видео спот со порака за важноста на менталното здравје.

Со реализација на проектот ќе се обезбеди подобрена едукација за емоционални и социјални вештини  кај децата и адолесцентите, ќе се промовира позитивно и квалитетно родителство за добро ментално здравје и ќе се зајакнат капацитетите на педагошко-психолошките и стручни служби и наставниот кадар во основното образование.

Проектот„Едукативно-креативен колаж за подобро ментално здравје“ на РЦС СПЕКТАР Крива Паланка  се спроведува во рамки на  Регионалната програма за локална демократија во ЗападенБалкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата заразвој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е кофинансиран и од Општина Крива Паланка.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk