Економско зајакнување на жените од кривопаланечките рурални средини преку обуки за женски бизниси

17.10.2023 13:23 | Жаклина Цветковска

Десетина жени од руралните средини ги зајакнаа своите капацитети и вештини за претприемништво преку серија обуки што ги спроведе Општина Крива Паланка во соработка со Центарот за управување со промени (ЦУП) .

Економско зајакнување на жените од кривопаланечките рурални средини преку обуки за женски бизниси

„Се работеше на обуки  за развој на женски бизниси и концепцијата на женско претприемништво и економија на грижа  на локално ниво. На завршната сесија, пак, главни ттеми беа финансиско работење и одржливост на социјалните претпријатија“, велат од општината.

На сите учеснички им се доделенис ертификати за успешно реализирање на обуките.

Програмата на обуки, е дел од проектот „Социо-економско зајакнување на младите жени од Североисточниот плански регион”, финансиран од ЕУ, кој се имплементира во рамки на проектот “Потпри се на младите”.

Општата цел на проектот е да се зајакне социо-економската состојба на младите жени од руралните средини преку развој на вештини за креирање на бизнис модели во областа на економија на грижа.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk