Градежен работник од Бангладеш починал додека работел во кратовско

07.02.2025 19:20 | KumanovoNews

Триесет и петгодишен работник од Бангладеш вчера починал на работното место, откако се здобил со повреди од машина за правење бетон.

Градежен работник од Бангладеш починал додека работел во кратовско

„Во СВР Куманово било пријавено дека при извршување работни задачи за приватна фирма во село Кетеново, кратовско, А.Р. (35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото. Лекар констатирал смрт, а за настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор“, известуваат од полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk