Градинките и школите се безбедни, покажале вонредните контроли

25.03.2025 09:27 | KumanovoNews

Сите градинки, училишта, културни домови и спортски сали се безбедни, велат од Заедницата на единици на локалната самоуправа (ЗЕЛС) по спроведените вонредни контроли.

Градинките и школите се безбедни, покажале вонредните контроли

Контролата следеше по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, во кој загинаа 59 лица, меѓу кои и 6 деца, речиси 200 беа повредени, од кои 25 деца.

Како што кажа претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, во сите Општини се спроведени контроли во кои покрај општинските инспектори биле вклучени и инспектори од централната власт.

„Сите Општини спроведоа контроли во градинките, училиштата, културните домови, спортските сали и други јавни објекти и заклучено е дека сите се безбедни, граѓаните можат да бидат спокојни. Препорака ќе дадеме да се спроведат строги контроли во сите станбени згради и потемелни контроли на сите урбани опреми поставени во секоја општина“, рече Ѓорѓиевски.

Во голем број кафулиња и кафеани биле констатирани недостатоци за летните тераси и како што рекоа од ЗЕЛС, ќе им се даде време од еден месец сите угостители да ги отстранат тие неправилности. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk