Градоначалникот Митовски им приреди изненадување на најстарите кривопаланчанки

08.03.2022 13:37 | Жаклина Цветковска

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, по повод  Меѓународниот на жената „8-ми Март“, ги изненади најстарите кривопаланчанки со посета  во нивните домови и букет цвеќиња.

Градоначалникот Митовски им приреди изненадување на најстарите кривопаланчанки

Заедно со претставници на Црвениот крст Крива Паланка, Митовски посочи дека ова е едно поинакво одбележување на Денот на жената , преку осмомартовска дружба со највозрасните сограѓанки од општината.

„Исцртавме насмевка на лицата на баба Мара, баба Љуба и баба Милевка, со внимание, почит и желби за добар секојдневен живот во третото доба од животот. Искуствата на возрасните дами, обликувани од нивните патешествија и генерациски придобивки, се неисцрпна книга на животот од која сите учиме“, рече Митовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk