И Општина Кратово со донација за погоденото население во Турција

08.02.2023 22:02 | Жаклина Цветковска

На предлог на градоначалникот Тодорче Николовски, Советот на Oпштина Кратово усвои одлука за одобрување на финансиска помош од општинскиот за погоденото население од земјотресите во  Турција и Сирија.

И Општина Кратово со донација за погоденото население во Турција

Предлогот едногласно е усвоен од сите советници и Oпштина Кратово се солидаризираше со населението од овие региони.  Во рамки на своите можности донесена е  одлука да се одобри скромен износ од 60 000 денари како донација за настраданите .
Средства ќе бидат уплатени на соодветна официјална донаторска сметка. 
Општината  упати апел и до граѓаните и бизнис заедницата за давање на финансиска и материјална помош за оваа намена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk