Интернет измама, му продал производ кој не одговара на содржината и квалитетот

13.07.2023 20:59 | Сузана Николиќ

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривичнa пријавa против О.М.(36) од Крива Паланка и Д.А.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измамување на купувачи“ и „фалсификување исправа“. 

Интернет измама, му продал производ кој не одговара на содржината и квалитетот

„Во март годинава, првопријавениот преку веб страна, која не била регистрирана како трговец, пуштил во промет производ и измамил едно лице така што му продал производ кој не одговара на содржината, видот, потеклото и квалитетот во описот објавен на неговата интернет продавница. Додека второпријавениот, лажно претставувајќи се како доставувач од брза пошта, преправил исправа – адреса на фирмата за брза пошта и таквата исправа ја употребил при достава на производот“, соопшти МВР. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk