Инвестирани околу 21.000 евра во проектна документација за реконструкција на Центарот за култура во Крива Паланка

11.01.2024 13:29 | Жаклина Цветковска

Околу 21.000 евра се инвестирани за изработка на проектно -техничката документација за реконструкција на НУ Центар за култура во Крива Паланка.

 

Инвестирани околу 21.000 евра во проектна документација за реконструкција на Центарот за култура во Крива Паланка

Финансиската поддршка за проектот е обезбедена од Програмата за користење средства за капитални дотации, наменети  за единиците на локалната самоуправа на  Министерството за култура  и тоа во висина од 800.000 денари, додека 500.000 денари се кофинансирање од општина Крива Паланка.

Проектната документација опфаќа реконструкција на влезот и холот, кино салата, библиотеката, уредување на мултифункционален простор за камерни настани, набавка на аудио и визуелна опрема и  нов систем за греење и ладење.

„Изработката на проектно-техничка документација беше основниот предуслов за да  може во претстојниот период да се аплицира за реализација на проектот по фази преку расположивите програми на Минитерството за  култура. Во 2024 година тоа би било реализација на првата фаза од проектот“, велат од општината.

Центарот за култура нема спроведено поголеми инфрастуктурни интервенции речиси 4 децени.  Последниот  поголем инфраструктурен зафат е санацијата на кровната конструкција пред 10-тина години, додека во 2022 година е санирана кино салата.  

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk