Изгоре 130 хектари ниско стаблеста шума во Ругинце

08.07.2025 13:03 | KumanovoNews

Во голем пожар во село Ругинце, општина Старо Нагоричене, вчера изгореа 130 хектари сува трева и нискостеблеста шума.

Изгоре 130 хектари ниско стаблеста шума во Ругинце

Пожарот прво избувнал околу 10 часот, но по интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Старо Нагоричане,  бил изгаснат во 11.15 часот.  

Во 11:30 часот се појавил нов пожар на 500 метри од првото жариште и брзо се раширил, па бил ставен под конрола дури во 19:00 часот.

„Опожарена е сува трева и ниско стаблеста шума со површина од околу 130 хектара. Интервениравме со 3 противпожарни возило и 8 пожарникари, а на испомош ни дојдоа колегите од Ранковце со 1 возило и 2 пожарникари и од Кратово со 1 возило и 4 пожарникари“, вели Далибор Трајковски, командир на Противпожарната единица Старо Нагоричане.

Причината за пожарот не е позната, се претпоставува дека е човечки фактор, но тоа треба да го утврдат надлежните.

Командирот Трајковски апелира до жителите да бидат претпазливи, бидејќи е време на жетва сериозно да ја сфатат работата поради високите температури затоа што има многу лесно може да дојде до пожар, кој потоа тешко се контролира. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk