Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Околу 60 хектари нискостеблеста шума и сува трева, како и напуштена плевна изгореа во големиот пожар што вчера напладне избувна во атарот на село Сув Орах, Општина Старо Нагоричане.
Во гаснењето на пожарот интервенирале три противпожарни возила и 9 пожарникари од ТППЕ Старо Нагоричане, а на помош пристигнале и екипи од Кратово и Ранковце. Во гаснењето учествувале и мештани и полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане, како и градоначалникот, заедно со неколку општински службеници.
На терен интервенирале и три авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ) .
„Авиони „Ер трактор“ на ДЗС се вклучија во гаснењето од 15:50 до 19:00 часот, со три авиони со носивост од 3.000 литри вода по авион“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).
Пожарот целосно бил изгаснат во 21:35 часот.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk