Изгореле 19 сандаци со пчели во Жегљане

27.07.2024 20:04 | KumanovoNews

Во голем пожар вчера изгореле 17  сандаци со пчели во селото Жегљане, општина Старо Нагоричане.

Изгореле 19 сандаци со пчели во Жегљане

„Вчера во 17.00 часот во Полициското одделение Старо Нагоричане било пријавено дека во с.Жегљане, општина Старо Нагоричане, настанал пожар на нива, сопственост на Л.А.(65) од село с.Жегљане, при што изгореле 19 сандаци со пчели“, соопшти МВР. 

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.  Извршен бил увид од полицијата.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk