Изложба на слики на уметникот Мице Јанкуловски во Градскиот музеј во Крива Паланка

04.03.2021 10:08 | KumanovoNews

Во Градскиот музеј од Крива Паланка, вечeрва во 19 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на  дела на мултимедијалниот уметник Мице Јанкуловски, по повод 50 години творештво.

Изложба на слики на уметникот Мице Јанкуловски во Градскиот музеј во Крива Паланка

Јанкуловски, кој е македонски, но и светски признат сликар, карикатурист, аниматор, пишувач на палиндроми, последните 10 години е препознатлив по својата црна форма, односно делата што ги создава во исклучиво црна боја и со кои ја интригира светската јавност.

Покрај изложбата на дела на Јанкуловски, ќе биде промовирана и публикацијата „МИЦКО-Мице Јанкуловски/Сликарство/ Форма 3“, објавена во чест на 50-годишното творештво на авторот.

Изложбата ќе ја отвори Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам и развој на културата при Владата на РСМ, а промотори се Корнелија Конеска, куратор и Жаклина Цветковска, новинар.

(Ж.Ц.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk