Јавање коњи и возење со кочија на новогодишниот базар во Крива Паланка

28.12.2021 17:33 | Жаклина Цветковска

Нова атракција на Градскиот плоштад во Крива Паланка, која ги израдува најмладите, е јавањето на коњи и возење со кочија.

Јавање коњи и возење со кочија на новогодишниот базар во Крива Паланка

Ова задоволство им го овозможи ранчот Кантрисајд (Countyside) од Ранковце и сопственичката Мариа Дибиаџио, кои се приклучија на Новогодишниот базар.

Инаку, кривопаланчани секојдневно уживаат во новогодишната атмосфера и богатите содржини што им се нудат.

Најмладите ја споделуваат радоста на прекрасно украсениот плоштад, се фотографираат и уживаат во новогодишната понуда. Постарите се топлат со грано вино и другите специјалтитети што се нудат.

За сите граѓани, пак, има целодневна програма со настап на музички ѕвезди, која ќе трае се до 31 декември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk