Караванско возење по Кумaновско-козјачкиот регион за „11 Октомври“

09.10.2023 11:29 | Жаклина Цветковска

Еднодневно караванско возење низ  Кумановско-козјачкиот регион, организира Офроад  Куманово, по повод празникот  „11 Октомври“.

Караванско возење по Кумaновско-козјачкиот регион  за  „11 Октомври“

Рутата започнува од Туша петрол во село Војник, преку Макреш, Канарево, Свиланце, Брешко, Аљинце, Жељувино, Дренак, Пклиште, Длабочица, Перен, Цветишница, Рамно, па се до Арбанашко и Кокино.

„Возењето е од слободен карактер, со 3 паузи, без  котизација, спонзорство и организации. Воедно , Туша петрол ни обезбеди попуст на дизел горивото  за 2 денари. Секој што поседува 4 x 4 возило, крос или атв и е љубител на овој спорт може да ни се придружи и заедно да уживаме во адреналинското возење“, велат од Офроад Куманово.

Организаторите ги замолуваат сите учесници да се придржуваат до рпавилата и да возат по обележаниот пат за да не се загадува природата со отпадоци, палење оган и слично.

Збирното мсто е кај Туша петрол, на 11 октомври,  во 8 часот кога ќе се доделуваат и редните броеви,  а стартот е во 9 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk