Казнети 58 кумановци, не носеле заштитни маски

15.03.2021 14:51 | KumanovoNews

Педесет и осум граѓани на Куманово се парично казнети, затоа што не носеле заштитни маски на јавна површина.

Казнети 58 кумановци, не носеле заштитни маски

Според статистиката на МВР, во текот на изминатото деноноќие, Уредбата за задолжително носење заштита на лицето на ниво на СВР Куманово не ја почитувалe 98 лица. Од нив 58 се од Куманов, 23 од Крива Паланка 23 и 17 од Кратово. За сите ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период едно лицe не ја почитувалo забраната за движење.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk