Казнети 77 кумановци затоа што не носеле заштитни маски на лице

30.03.2021 11:55 | KumanovoNews

Седумдесет и седум кумановци ќе се соочат со парична казна, затоа што не ја почитувале препораката за носење на заштитна опрема на јавно место.

Казнети 77 кумановци затоа што не носеле заштитни маски на лице

„Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (29.03/30.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 111 лица не ја почитувалe. Од нив во Куманово се 79, во Крива Паланка 19 и во Кратово 13 лица. За сите ќе следуваат соодветни мерки“, соопштува МВР.

Во истиот период едно лице во Куманово не ја почитувало забраната за движење.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk