Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Работната група составена од претставници од Министерството за транспорт и ЗЕЛС, во следниот период заеднички ќе работат на подготовка на прописите за законско доуредување на постапката за поставување на урбана опрема, односно можноста за изработка на нов Правилник.
Имајќи предвид дека поставувањето на урбаната опрема со сегашните прописи не е унифицирана и секоја општина самостојно ја уредува оваа постапка, сега преку ново решение се очекува да се изготви единствена постапка која ќе важи на целата територија на државата.
„Владата и министерството за транспорт гледа на општините како рамноправен партнер во креирање на законски решенија посебно во делот на градењето и градежното земјиште. Ова е пример како полесно и во интерес на општеството ги решаваме сите предизвици кои се на товар на општините. Очекувам дека ќе најдеме заеднички интерес и ќе креираме постапки кои ќе бидат унифицирани за сите општини и на тој начин полесно да ја регулираме и оваа дејност”, истакна министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шакири, денеска остварија работна средба со претставниците на ЗЕЛС.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk