Ќе се вработат 400 пожарникари за превенција од шумски пожари во летниот период

30.05.2025 08:48 | KumanovoNews

За справување со пожарите во летниот период, Владата со Оперативниот план за 2025 година предвидува вработување на 400 пожарникари.

Ќе се вработат 400 пожарникари за превенција од шумски пожари во летниот период

Со оваа мерка Владата сака да постигне навремена и брза реакција на спречување на пожарите кои се најприсутни во летниот период.

„Пожарникарите даваат натчовечки напори за борба со огнената стихија, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други човечки животи, животната средина и други материјални добра. И токму затоа сè со цел превенција од шумските пожари овие 400 лица ќе се вработат во општините каде што има најмногу потреба. Воедно, Оперативниот план за вработување за 2025 опфаќа и вработување на 600 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за јавни работи и општински проекти од инфраструктура и заштита на животната средина на локално ниво. Со ова придонесуваме кон превенција и заштита од пожарите, како и заштита на животната средина и здравјето на сите граѓани“, стои во соопштението на Владата.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk