Концерт на Митан проект со Андријана Јаневска во Крива Паланка

03.07.2024 09:07 | KumanovoNews

Најубавите македонски антологиски песни ќе одекнат на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка,  во четврток, 4 јули,  со почеток во 20:00 часот,  во рамките на концертот на Митан проект со Андријана Јаневска.

Концерт на Митан проект со Андријана Јаневска во Крива Паланка

Овој познат музички проект кој ја обединува традицијата и емоциите на некогашниот дух на врмето,  претставува  музичко патување низ Македонија со песни кои ја раскажуваат приказната за радоста, љубовта, тагата и гордоста на македонскиот народ.

На програмата се најубавите „Македонски рози“ кои ќе ги оживеат  спомените за опеаните Дафина, Милица, Елена, едно моме и други, преку уникатната интерпретација на Андријана Јаневска, маестро Дамир Имери, како и музичарите Владимир Крстев, Александар Јовевски, Петар димовски и Мите Димовски-Митан.

Настанот е дел од програмата на „Крива Паланка - Град на културата 2024“, и претставува можност за сите љубители на македонската музика да уживаат во едно незаборавно доживување, исполнето со емоции и спомени за паметење.

Никола Митовски

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk