Крива Паланка ги стипендира талентираните ученици и спортисти

20.10.2021 06:46 | Жаклина Цветковска

Општина Крива Паланка обезбеди вкупно 14 стипендии за талентирани ученици, студенти и успешни спортисти, кои имаат постигнато завидни резултати во своите области.

Крива Паланка ги стипендира талентираните ученици и спортисти

За 2021/22 година доделени се 5 стипендии за средношколци и 3 за студенти, како млади таленти кои покажуваат резултати во образовниот процес и својата наобразба.

Истовремено, општината обезбеди и 5 стипендии во категоријата екипни спортови, кои се доделени на кошаркарките од КК„Крива Паланка“ и една стипендија за младинец од Карате клубот „Шампион“.

„Стипендиите се стимул за младите да напредуваат во развојот на своите образовни и спортски вештини, како и поддршка на домашниот буџет. Тие се покажаа делотворни за што зборува и податокот дека од КК„Крива Паланка“
има најголем број репрезентативки во државата. Оваа поддршка треба да продолжи и понатаму , бидејќи младите генерации имаат капацитет и потенцијал кој треба да се развива“, вели градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Сите стипендисти добиваат месечен надоместок од 3.000 денари, 9 месеци во учебната година.

Општината доделува и субвенции за јавен превоз за учениците и студентите, но годинава никој не пројавил интерес за оваа поддршка.

Очигледно, младите не го користат јавниот превоз кој се состои од месечна автобуска карта, туку повеќе преферираат такси превоз. Една од причините е и што нема редовни автобуски линии за универзитетскиот град Штип, а на реалзацијата Скопје – Крива Паланка и обратно се видно редуцирани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk