Крива Паланка ќе го прослави Бадник на Градскиот плоштад со коледари и посна закуска

05.01.2022 12:04 | Жаклина Цветковска

Oпштина Крива Паланка традиционално денеска го организира прославувањето на големиот христијански празник Бадник на централниот Градски плоштад, со почеток од  15 часот.

Крива Паланка ќе го прослави Бадник на Градскиот плоштад со коледари и посна закуска

„Прославувањето на Бадник ќе биде во духот на христијанската традиција, со звукот на коледарчиња, со традиционалните коледарски песни, со осветени лепчиња со паричка, делење на топла ракија и чај и  бадникарски гранчиња и со посна славска закуска“, вели градоначалникот Сашко Митовски.

На Бадникарската прослава се бира и бадникарски кум за наредната година.

„Општина Крива Паланка  ве поканува  на Градскиот плоштад заеднички, сплотени и со радост да го прославиме овој убав ден Бадник, во радост и пресрет
на најголемиот христијански празник, Христовото раѓање-Божиќ“, порачуваат од Општината.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk