Крива Паланка потпиша договор за енергетски ефикасно осветлување преку јавно-приватно партнерство

05.03.2021 13:26 | KumanovoNews

Општина Крива Паланка ќе добие енергетски ефикасно улично осветлување преку модернизација на системот по ЕСКО модел, кој ќе се реализира во рамките на јавното-приватно партнерство со Македонски телеком АД Скопје.

Крива Паланка потпиша договор за енергетски ефикасно осветлување преку јавно-приватно партнерство

Договорот е потпишан денеска во Министерството за економија, по повод Светскиот ден на енергетска ефикасност, 5 март.

Уличното осветлување во општина Крива Паланка се состои од 2355 светилки, кои даваат вкупната потрошувачка за улично осветлување од 351 KW односно повеке од 1.5 милиони КW/ годишна потрошувачка.

„Со планираната реконструкција и модернизација, се очекува заштеда од 276 KW, односно повеќе од 1.279.000,00 КW/годишна потрошувачка, што е приближно на 80% заштеда“, вели градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Вкупните инвестициски трошоци за ЕСКО компанијата се во износ од 65,517,730.19 со ДДВ, периодот на отплата на инвестицијата е 72 месеци или 6 години.  Животен век на светилките е 100.000 работни часови или приближно 23 години, со нето финансиска корист за Општината од 37,010,602.35 денари.

Инаку, во изминатите три години Општина Крива Паланка посветено работи на зголемување на енергетската ефикасност преку проекти и инвестиции во јавната инфраструктура.

(Ж.Ц.)


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk