Кривопаланечкиот музеј ќе добие нова фасада

07.07.2021 05:17 | KumanovoNews

Во Градскиот музеј од Крива Паланка ќе биде санирана и обновена старата оштетена фасада преку инвестиција во вредност од 1.593.000 денари.

Кривопаланечкиот музеј ќе добие нова фасада

Средствата се обезбедени преку проектот  „Модерен музеј – европски град“, финансиски поддржан од Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа, во рамки на програмата за намалување на диспаритетите на регионите и зголемување на регионалната конкурентност.

Проектот предвидува санацијата на фасадата и подобрување на енергетската ефикасност преку комплетирање на системот за централно греење и користење на енергетски ефикасни суровини и обновливи извори на енергија.

Со проектните активности се заокружува процесот на реновирање и адаптација, а се подобрува и визуелниот впечаток на зградата на музејот како уредена, модерна и напредна установа, која се грижи за културното наследство на регионот.

(Ж.Ц.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk