Лажна е дојавата за бомба во училиштето во Крива Паланка

02.12.2022 14:06 | Сузана Николиќ

Дојавата за поставена експлозивна направа во основно училиште во Крива Паланка е лажна, покажала проверката на терен, соопштува СВР Куманово. 

Лажна е дојавата за бомба во училиштето во Крива Паланка

„МВР ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава од училиште во Крива Паланка дека на електронската адреса на училиштето била испратена закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажна пријава“, информира СВР Куманово. 

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и по извршени проверки утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

Од училиштето потврдија дека децата се безбедно евекуирани и испратени во нивните домови, откако стигнала заканата.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk