Локалните патишта во Крива Паланка, Ранковце и Кратово се дочистуваат од снег

20.01.2025 10:56 | KumanovoNews

Локални земјени патишта во делови на Крива Паланка, Ранковце и Кратово се дочистуваат, а сообраќајот во државата се одвива во зимски услови, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

Локалните патишта во Крива Паланка, Ранковце и Кратово се дочистуваат од снег

Во Општина Крива Паланка непроодни се локалните земјени патови од Дурачка река, маало Метов до селото Дренак и од месноста Компирара до селото Бс поради висина на снегот, од последните врнежи. Од селото Огут до Нерав патот е прооден само за теренски возила. Останатите патни правци, вклучувајќи го и магистралниот пат кон граничниот премин Деве Баир се проодни, а сообраќајот се одвива по влажни коловози, во зимски услови.

Сите регионални и локални патни правци на подрачјето на Општина Кратово се исчистени и редовно се опесочуваат, вклучувајќи ги и улиците во градот. Поради висина на снежна покривка од 15 до 20 сантиметри локалниот патен правец кон планинскиот дел и селата Близанци, Луково, Куново, Мушково е прооден за теренски возила со зимска опрема. Снежни навеви од снег и покривка со висина од 30 сантиметри има на патот од селото Мушково кон Нежилово и Каврак, поради што е тешко прооден за теренски возила со зимска опрема. Од јавното претпријатие надлежно за чистење и одржување на овој патен правец добиена е  информација дека наредните денови се планира чистење на истиот.

Службите на ЈП Македонија пат работат на расчистување на патиштата  на планините и повисоките места во државата, а на делови од нив е забележано подмрзнување и голомразица. На државните патни правци сообраќајот се одвива по влажно коловози, во зимски услови.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk