Mурал посветен на загинатите кривопаланечки борци

29.10.2021 20:22 | Жаклина Цветковска

Мурал, со тематика од НОБ, изработија млади уметници од Крива Паланка на локација покрај заобиколницата, во близина на споменикот на Христијан Тодоровски Карпош во населбата Бавчал`к.
 

Mурал посветен на загинатите кривопаланечки борци


Муралот е насликан во рамки на проектот на Владата „30 години независност“ и е еден од 7-те мурали што се изработени во 7 различни градови во државата.

Овие креативни дела се дел од поддршката на Владата за фирмите од ивент индустријата, како еден од секторите погодени од ковид-19 пандемијата, преку изработка на креативни проекти посветени на 30-годишниот јубилеј ид самостојноста на Македонија.

„Со овој мурал се оддава почит на сите загинати херои и борци, кои го дадоа својот живот за татковината и во исто време на сите оние што се втемелија во нашата државност и независност. Истовремено, ова е уште едно од низата уметнички дела изработени во Крива Паланка во изминатите неколку години, што го осовременуваат и разубавуваат јавниот простор“, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Во чест на 30-годишнината од независноста на Македонија и новиот мурал беше организирана свеченост , на која беа презентирани и ликовни творби изработени од ученици од ООУ „Илинден“.

Во изминатиот период, на повеќе урбани локации во општината изработени се повеќе мурали и графити од млади уметници и креативци.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk