Наноси од снег го прекинаa сообраќајот на патот Кратово-Пробиштип

11.11.2024 08:46 | KumanovoNews

Поради наноси од снег, од 7 часот во прекин е сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Кратово – Пробиштип, соопшти АМСМ.

 

Наноси од снег го прекинаa сообраќајот на патот Кратово-Пробиштип

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk