Николовски: Крива Паланка единствена општина со Акциски план против корупција

02.07.2021 19:08 | KumanovoNews

Крива Паланка не само што има изготвено Антикорупциска програма за 2021 година и политика на интегритет, туку таа е и единствена општина која има подготвено Акциски план за спроведување на конкретни мерки во борбата против корупцијата, предвидени со програмата, истакна вицепремиерот за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски при денешната посета на Крива Паланка.

Николовски: Крива Паланка единствена општина со Акциски план против корупција

„Моите сограѓани знаат дека е најважно да се почне од дома. Ја ставаме локалната самоуправа во целосна служба на граѓаните“, подвлече Николовски по денешната средба со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Нивниот заклучок е дека корупциjата го ослабнува секој систем, без разлика на кое ниво се случува и дека мора заеднички, со конкретни мерки, да се справуваат со сите субјекти и чинители , со примена на ефикасни антикоруптивни мерки.

„Крива Паланка е позитивен пример на транспарентност и исполнителност на задолжнијата, во согласност со Планот за борба против корупцијата на Владата“ рече Николовски.

Во рамките на посетата, вицепремиерот врачи и анекс на  договорот за финансирање на дополнителни градежни активности за реконструкција на Градскиот плоштад, во висина од 6.000.000 денари, обезбедени преку Единицата за спроведување на проектот „Локална и регионална конкурентност“. Истовремено, тој посети и дел од објектите што имаат придонес за регионалниот рзвој.

(Ж.Ц.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk